Ревитализацијата на најголемиот парк во населба Топанско Поле е уште еден плод на меѓуинституционалната соработка на Општина Чаир, Град Скопје и Јавното Претпријатие “Паркови и Зеленило”. Со координиран работен процес успеа да и се врати убавината на оваа населба и да се зачува угледот на Чаир како една од најзелените општини.
Во врска со ова, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изјави: “За да овозможиме уживање во овој убав поглед кој има зелена површина од 9 121 m2, како Општина Чаир се погриживме на располагање на граѓаните да бидат новите пешачки патеки низ паркот, нови парковски клупи, корпи за отпадоци и детски реквизити. Истотака ги слушаме внимателно и сите барања на граѓаните во овој правец. Со координиран работен процес успеавме да и ја вратиме убавината на оваа населба и угледот на Чаир како најзелена општина во градот. Заедно со Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директорот Ардијан Муча ќе продолжиме со заедничките чекори за реализација на проекти за зачувуање на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани. Нека им е со среќа на жителите и нека биде овој парк место на свежина и детска радост.“