Се подобрува патната инфраструктура на улица Клинска Леса во населба Серава

571

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изврши надзор над квалитетот на отпочнатиот работен процес за подобрување на патната инфраструктура на улица Клинска Леса во населба Серава.

По повод ова, Градоначалникот Ганиу истакна: “Убав сончев ден во Недела и идеално време за извршување на вредни работи во служба на граѓаните. Придружен од граѓани на населба Серава, извршив непосреден надзор над работите за подобрување на патната инфраструктура кои ги реализираме на улица Клинска Леса. Со задоволство ги послушав и нивните барања во однос на проблемот со уличното осветлување за чие регулирање ќе се превземат итни мерки.”

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе