Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изврши непосреден надзор над квалитетот и динамиката на работниот процес за уредување на патеките за движење на граѓаните на дел од улицата Вуковарска во населбата Стар Чаир. Овој работен процес ќе продолжи и во другите делови од територијата на општината.

Истотака, Градоначалникот Ганиу разговараше со граѓаните на оваа зона кои ја поздравија оваа иницијатива за подобрување на инфраструктурата и внимателно ги послуша нивните сугестии и барања.