Моментот е за вакцинација и здравствена заштита на оние кои и во овие вонредни околности останаа посветени во целта за едуцирање и учење на нашите деца. Во вакциналниот пункт поставен во Спортскиот Центар “А1 Арена” веќе три дена по ред се реализира вакцинацијата на наставниците на основните училишта и негувателките на детските градинки на Општина Чаир.
Досега се вакцинирани:
➡️91 наставник и
➡️58 негувателки.
Масивниот пристап кон вакцинација e е доказ на високата општествена одговорност на образовниот кадар. Овој процесот на имунизација ќе продолжи и понатаму гарантирајќи го побезбедното и нормалното одвивање на едукативно-образовниот процес.