“СПОРТ ДА, ДРОГА НЕ“ за здрава иднина на нашата младина

37

Со организираниот фудбалски натпревар помеѓу младите на Фудбалската Академија на Ф.К. Шкупи и Ф.К Влазрими од Слатино, во спортската сала “Енвер Идризи“ во Чаир започна реализацијата на проектот под мотото “СПОРТ ДА, ДРОГА НЕ“.

Со ова Општина Чаир и Министерството за Внатрешни Работи отворија едно ново поглавје на меѓуинституционална соработка за зајакнување на едукативните механизми за заштита на личноста на нашите млади од деструктивните појави.

По повод овој настан Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу истакна: “Заедно со Заменик Министерот Агим Нухиу, службите на Полициската Станица Бит Пазар и на Секторот за Внатрешни Работи – Скопје испраќаме јасна порака против деструктивните феномени како што е дрогата преку промовирање на спортот како уникатна вредност за нашата здравствена виталност. Продуктивната соработка со Министерството за Внатрешни Работи ќе ја продолжиме преку теоретските и практичните лекции за нивното ориентирање кон патот на здравата иднина”.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе