Градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, заедно со првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, г. Изет Меџити, денес извршија увид во почетокот на еден од најголемите инфраструктурни проекти што се реализираат во Чаир – реконструкција на водоводната и фекално-атмосферската канализациона мрежа во населбата Дижонска, со инвестиција од речиси 1.5 милиони евра.
Проектот опфаќа вкупно 16 улици и улички во рамки на населбата и има за цел директно да го подобри квалитетот на живот на над 1.000 семејства. Преку оваа инвестиција ќе се обезбеди стабилно снабдување со чиста вода за пиење и ќе се воспостави ефикасен систем за одведување на отпадни и атмосферски води.
Овој проект претставува јасен пример за успешна соработка меѓу локалната и централната власт и е потврда за новиот развоен пристап што се спроведува во Општина Чаир – со јасна визија, конкретна работа и континуирана посветеност кон потребите на граѓаните.