На Меѓународниот ден на здравјето – 7 април, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со ученици и наставници од основните училишта посетија три јавни здравствени установи кои се наоѓаат во општина Чаир.
Во оваа прилика беа подарени и слики кои учениците од училиштата од Чаир ги подготвија во знак на благодарност за нашите херои – лекарите и целиот медицински персонал, кои продолжуваат да ја водат битката што започна пред повеќе од две години со пандемијата Ковид-19.
Заедно со децата од училиштата „Хасан Приштина“, „7Март“, „Јашар Беј Шкупи“, „Конгреси и Манастирит“, „Лирија“, „Имри Елези“, „Исмаил Ќемали“, „Тефејуз“ и „Васил Главинов“ , сликите им беа донирани на директорот на Гинекологијата на Чаир „Мајка Тереза“, Башким Исмаили, на директорот на медицина на трудот, Азиз Максути и на раководителот на поликлиниката Чаир, Селајдин Мемети.

 

x