Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ) заедно со Општина Чаир продолжува со реализација на проектните активности предвидени со Проектот „Чисти и здрави“

81

Овојпат, ги запознаваме децата за тоа ШТО Е ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. Целта е преку забавен и интерактивен пристап децата визуелно да се запознаат со животната средина, придобивките од неа и грижата кон неа. На тој начин влијаеме врз развивање идни еко свесни генерации, кои ќе продолжат да градат чиста и здрава животна средина! Но сликата нема да биде целосна доколку инклузивните групи не се вклучени во процесот на едукација. Одовде, Балкан Економик форум сите свои проектни активности ги адаптира за социјално инклузивни деца.

Затоа, одвојте дел од своето време и заедно со своите деца погледнете го едукативното видео: Што е животна средина? Истото можете да го симнете од YouTube каналот на БЕФ или директно од веб страната на БЕФ, и тоа:

На македонски јазик:
You tube: https://youtu.be/ddZPrrZTJmY или на
Web site: http://www.balkaneconomicforum.org/wp/cistiizdravi/

На албански јазик:
You tube: https://youtu.be/6ne4FTs_ls4 или на
Web site: http://www.balkaneconomicforum.org/…/te-paster-dhe-te-shen…/

Секако и нашите сликовници кои веќе ви ги објавивме и се надеваме ви се допаднаа, се адаптирани за социјално инклузивни деца односно снимени во аудио формат. Посетете ја страната на БЕФ и слушнете ги!
Следете не, наскоро ќе биде објавена мобилната апликација Чисти и здрави, забавен и едукативен пристап за целото семејство!!!

Општина Чаир заедно со Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ) и Цивика Мобилитас се грижат за средината во која живеат нашите идни генерации.

ЧИСТИМЕ ЗАЕДНО, РАСТЕМЕ ЗАЕДНО!
Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе