Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска им додели одлуки за решенија на 26 наставници од 8 училишта во општина Чаир – „Хасан Приштина“, „Лирија“, „Јашар беј Шкупи“, „Васил Главинов“, „7 Март“, „ Имри Елези“ и „Исмаил Ќемали“, како и училиштето за возрасни „Макаренко“.
Ганиу во оваа прилика истакна дека како градоначалник и институцијата што ја води – Општина Чаир, секогаш биле и ќе бидат покрај потребите на наставниците, родителите и учениците.
„Во меѓувреме, зајакнувањето на кадровските капацитети е важна мисија и тоа несомнено придонесува за напредок на квалитетен и иновативен образовен процес. Кога имаме наставници кои го следат современиот тренд на реформи во образованието, нашите деца се во чекор со времето, нашата иднина е посигурна и уште посветла“, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.