Барањата на граѓаните се наш приоритет и ова најдобро го докажува поставувањето на семафорите на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош“ кој се реализираше во меѓусебна координација со Градот Скопје.
Благодарност до Град Скопје за соработката и екипата на ЈП “Улици и патишта“ кои денес го реализираа процесот на поставување на семафорите кои несомнено ќе го подигнат нивото на сигурност на граѓаните во сообраќајот.