По завршувањето на припремните дејствија од аспект на документацијата и техничките работи, Општина Чаир и Министерството за Образование го одбележаa денес официјално започнувањето на процесот на изградбата на новата спортска сала на Основното Училиште “Конгреси и Манастирит“ со поставувањето на нејзиниот камен темелник. Ја известувам јавноста дека спортската сала ќе го носи името на легендата на спортот Алуш Хамиди.
Реализацијата на овој проект Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Министерот за Образование и Наука Арбер Адеми ја преземаат како морална обврска за искажување на почит кон досегашниот ангажман во промовирањето на спортските вредности на многу генерации пред нас.
Деталите на проектот:
– Износ: 24 милиони денари
– Вкупна површина на новата сала: 650 м².
Присутни на денешната инаугурација беше делегацијата предводена од претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, Заменик Премиерот за европски прашања Бујар Османи, поранешниот Градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, Министерот за Домашни Инвестиции Хисен Џемаили и претставници на државните институции кои посакаа успешен работен процес.