Во Чаир се отвори “Coca Cola Активна Зона“

145

Граѓаните на Oпштина Чаир добија ново место за дружење, спорт и рекреација. Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со претставникот на компанијата Coca Cola г-дин Ламбро Патче, во присуство на многу граѓани од сите возрасти, рекреативци, реномирани спортисти, претставници на спортски клубови и друштва од невладиниот сектор, свечено ја пуштија во употреба новата “Coca Cola Активна Зона“ во Чаир, кое содржи фитнес справи поставени на отворен простор на спортскиот терен во населба Топанско Поле.

На организираниот настан Градоначалникот Ганиу истакна: “Едно вакво спортско-рекреативно катче е повеќе од добредојдено во Општина Чаир и благодарен сум на компанијата Coca-Cola кое со задоволство го прифатија нашето барање за инсталација на зоната и во нашата општина. Со ова ги охрабрувам сите граѓани на Чаир во нивната збиена агенда полна со обврски, да се грижат за нивното здравје за малку рекреација со тоа што ќе најдат време да ја посетуват оваа нова рекреативна зона која се создаде во Чаир. Се надевам дека и во другите населби ќе изградиме адекватна спортска инфраструктура. Истите и да ги чуваме бидејќи се поставени да им служат на нашето здравје.“

Истотака Градоначалникот на Чаир ја искористи приликата и да им додели признание на двајца личности кои со нивниот ангажман во областа на спортот оставиле траен белег, на асот на спортот на борењето г-дин Хајруш Синани и почитуваниот професор Бесник Телаи прогласувајќи ги за најактивни жители на Општина Чаир.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе