На 20.04.2018 година (петок), почна големата еко-акција за чиста животна средина во населбата Топаан, која се реализира од страна на Општина Чаир во соработка со НВО ,,Сумнал”, во која што сезонските работници на Општина Чаир заедно со локалното население спроведoa активности за отстранување на несоодветно одложен отпад во ова населено место.
Со оваа акција Општина Чаир ја потврдува заложбата за чисти улици и тревници секаде во Чаир.