Градоначалникот на Општината денес го пречека младиот 17 годишен каратеист Абдурахим Идризи, на кому му честита за златниот медал на најпрестижниот јуниорски каратски турнир одржан во Умаг, Хрватска.

Абдурахими истакна дека неговиот следен предизвик е Европското Првенство. Тој веќе докажал дека е добар каратист со освјување на неколку први места во дисциплините КАТА и КУМИТЕ за јуниори неколку години по ред а ние како Општина ќе го поддржиме Абдурахим во понатамошните успеси.