Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу гo пречека денес Боксерскиот Клуб “Чаир“

328

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ги пречека денес раководството и боксерите на Боксерскиот Клуб “Чаир“ за да им ја изрази спремноста на Општина Чаир да го подржи патот на успехот на боксерите кои постојано го држат Чаир на највисокиот пиадестал на државните натпреварувања организирани од страна на Федерацијата на Боксот на Македонија.

Во врска со оваа средба, Градоначалникот Ганиу на неговата официјална страна на социјалната мрежа Facebook истакна: “Средбите со шампионите на боксот се најдобрата мотивација за еден градоначалник да продолжи со работа во служба на граѓаните. Благодарен за достоинственото претставување на нашите спортски вредности од страна на овие млади боксери и техничкиот штаб на овој боксерски клуб. Ви посакувам многу успеси во вашиот пат полн со предизвици, кои со страста и желбата која ја имате убеден сум дека успешно ќе ги надминете!“

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе