Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу оствари денес работна средба со Амбасадорот на државата Тајван во Република Италија г-дин Andrea S. Y. Lee

129

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу оствари денес работна средба со Амбасадорот на државата Тајван во Република Италија г-дин Andrea S. Y. Lee и г-ѓа Melanie Fang-Yin Kuo – шеф на кабинет на амбасадорот.

Во врска со ова, Градоначалникот Ганиу изјави, “Средбите со амбасадорите на многу други држави секогаш се обидувам да ги искористам во максимум за остварување на придобивки од нивното развојно искуство создавајќи врски за соработка кои ќе ги прошират капацитетите за подобро функционирање на нашата општина.

Внимателно ја разгледавме можноста за привлекување на донации во иднина, со приоритет за подобрување на инфраструктурата на школските објекти и пристап на современата ИТ технологија како потребен механизам за поквалитетно образование. Изразувам благодарност и ја ценам заинтересираноста на Амбасадорот Lee да помогне во развојот на нашата општина.“

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе