Успесите на нашите спортисти не престануваат. Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денес ги пречека боксерите на Боксерскиот Клуб“Шкупи“ – Јасин Љама и Хурмет Јонузи заедно со нивните тренери Насер Харуни и Блерим Саити, за да ја сподели со нив радоста за нивните постигнати успеси и за да им укаже на неговата лична поддршка и на институцијата која ја предводи во нивниот пат кон успехот.
Јасин како дел на репрезентацијата на Боксерската Федерација на Македонија го има освоено првото место (златен медал) на меѓународниот турнир на боксот “Влазниа“ во Скадар, Албанија.
Хурмет на турнирот “Трофејот на Подгорица“ успеа да освои бронзен медал.
Градоначалникот Ганиу му честита на клубот за професионалната работа и на спортистите им посака среќа во нивните следни настапи и постигнување на многу други успеси.