Советот на Општина Чаир има усвоено “Локален Акционен План во областа на вработување, домување, образование, здравство и жена Ромка 2017-2020 година”.
За да дискутираме околу предизвиците со кои се соочуваме во реализацијата на Локалниот Акционен План како и други пројекти предвидени од наша страна кои за цел ја имаат благосостојбата на нашите сограѓани од Ромска заедница, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу со големо задоволство денеска го пречека Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, г. Аксел Ахмедовски во Општина Чаир.
Министерот Ахмедовски изрази подготвеност за поддршка на секој проект инициран од страна на Општината и вети силен ангажман за елиминирање на евентуалните потешкотии во овој процес.