Градоначалникот на Општина Чаир го пречека фудбалскиот клуб во мал фудбал “Јувентус Серава“

172

Продолжуваме да ги следиме во секој чекор успесите на нашите спортисти и да им дадеме максимална поддршка на спортските клубови во Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир денес го пречека фудбалскиот клуб во мал фудбал “Јувентус Серава“ кои го освоија трофејот на Купот на Македонија во мал фудбал.

Во врска со ова, тој истакна дека претставува огромно задоволство да го видиш ентузијазмот, нивната страст за фудбалот и огромната желба да ги направат горди граѓаните на Општина Чаир.

Градоначалникот им честита на фудбалерите и на раководството на клубот посакувајќи им и многу други успеси во иднина и безрезервна поддршка на патот кон успехот.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе