Соработката со невладиниот сектор е еден од најефикасните механизми за да се биде поблиску до граѓаните, за идентификување на нивните проблеми и за изнаоѓање на соодветно решение.
Помошта кои ја нудат во овој процес несомнено ги зајакнува функционалните капацитети и претставува гаранција за почитување на демократските вредности.
Денес, Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, со извршниот директор на ЗИП Институтот – г-дин Агим Селами, потпишаа меморандум за соработка за заедничко дејствување во неколку области, и тоа:
1. Борбата против корупцијата на локално ниво;
2. Партиципативно буџетирање;
3. Интегрирано образованиe и други области за кои ќе се констатира дека е потребен заеднички ангажман.
На оваа средба, Градоначалнилот на Чаир вети безрезервна поддршка за активностите на ЗИП Институтот и на секоја друга невладина организација поврзано со прашањата за локалната самоуправа, поттикнувајќи активности во насока на подинамичен напредок на невладиниот сектор во Чаир.