Градоначалникот на Општина Чаир во друштво на заменик-премиерот на Република Македонија, г-дин Бујар Османи, извршија увид на асфалтирањето на улица во населбата Гази Баба, каде што со завршувањето на работите на овие улици, се исполни уште едно дадено ветување.
Општина Чаир ќе продолжи со истата динамика на инвестирање и во другите улици во Општината, се додека не бидеме сигурни дека целата територија на Општината ја има потребната сообраќајна инфраструктура, со ист квалитет како на главните така и на споредните улици.