Денови на шведската литература

18

Во рамките на деновите на шведската литература во присуство на Амбасадорот на Шведска г-дин Mats Staffansson и многуте дејци на литературниот и културниот живот во нашата земја, под организација на Издавачката куќа “Шкупи“ и Литературното Друштво ‘Migjeni“ од Шведска, во просториите на Општина Чаир се реализираше промоција на книгата “Патот на Бил во 09:42 за нов живот“ од шведскиот автор Сара Кадефорс.

Портпаролот на Општина Чаир, Куштрим Ала, го пречека шведскиот амбасадор и делегацијата на поети од Шведска, истакнувајќи во неговиот говор дека вратите на Општина Чаир биле и ќе бидат секогаш отворени за промоција на највисоките литературни вредности и за унапредување на литературната соработка со развиените европски земји.

Амбасадорот на Шведска г-дин Mats Staffansson изрази искрена благодарност до поетите, Издавачката куќа “Шкупи“, Литературното друштво “Migjeni” и Општина Чаир за придонесот во насока на зајакнување на соработката преку преведување и промоција на делата на шведските автори.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе