Детската градинка “Фидани“ ја одбележа денес 65 годишнината на нејзиното постоење токму на светскиот ден на децата. На манифестацијата за одбележување на оваа годишнина беше присутен Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, кој изрази искрена почит кон негувателките и раководството на градинката “Фидани” низ сите овие години на нејзиното функционирање.

Во неговиот говор Градоначалникот Ганиу меѓу другото истакна: “Секогаш кога со нашите деца секое утро чекориме кон детските градинки, кај нас се раѓа чувството на благодарност, бидејќи децата – нашето најголемо животно богатство, иднината на нашите семејства ги носиме кон првото гнездо на знаењето и едуцирањето. Ова прекрасно чувство веќе 65 години по ред, детската градинка “Фидани“ го има разбудено кај многу генерации на родители.“