Продолжуваме посветено да работиме за уредување на улиците и тротоарите низ целата територија на Општина Чаир.
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изврши непосреден надзор над работната динамика која се реализира на влезниот дел на бул. “Крсте Мисирков” од Старата Скопска Чаршија, каде интензивно се работи оваа зона да се уреди со квалитетни павер елементи (бекатони) со димензија од 8 цм.