Денес во просториите на Град Скопје се одржа регионална средба со градоначалниците и претставници од општините од Скопскиот плански регион, Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Извршната директорка на Националната мрежа. Со оваа средба започна процесот на воспоставување регионален пакет на сервиси за жени жртви на семејното насилство.


За потсетување градоначалниците во пред-изборниот период со потпишување на Јавната заложба за унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вкулучително и семејно насилство на локално ниво, се заложија да одвојат дел од локалните буџети за унапредување/воспоставување на сервиси за жртвите на насилство. 


Покрај градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалници кои беа потписници на заложбата и денес беа присутни на средбата се од: Општина АеродромОпштина Кисела Вода и Општина Ѓорче Петров, додека од Општина Центар и Општина Карпош присуствуваа претставници од општините. Градоначалниците од Komuna Çair-Municipality of Cair-Општина Чаир Општина Студеничани и Komuna Saraj – Општина Сарај исто така се приклучија кон процесот и испратија претставници од општините.