Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу заедно со Министерот за Образование и Наука, г-дин Арбер Адеми и директорот на основното училиште “Васил Главинов“, г-дин Ќамуран Кучи денес извршија непосреден надзор над изведените работи од првата фаза на реконструкција на објектот на основното училиште “Васил Главинов“, која е започната на 24 декември 2018 година.

Создавањето на подобри просторни услови како основен предуслов за квалитетно образование е нашиот заеднички приоритет со Министерство за Образование и Наука и раководството на училиштето.

Износот на првата фаза изнесува околу 15 милиони денари и исклучиво во текот на оваa фаза ќе се реконструира поголемиот дел од училишниот објект, ќе се санираат подовите и плафоните, како и ќе се уредуваат и санитарните јазли.

Му се заблагодаруваме на министерот Арбер Адеми за неговата заложба и придонес и веруваме дека во иднина нашата соработка со Министерството за Образование и Наука ќе резултира со подобрување на условите и во сите други училишта во нашата општина.

Остануваме посветени нашите деца да следат воспитно образовна настава во средини коишто стимулираат успех.