Здружението на Доброволни Пожарникари “Бајрам Мифтари“ – Чаир, денес во ОУ “Имри Елези“ организираше “Противпожарен Квиз“ каде учествуваа екипи на ученици од сите основни училишта на општина Чаир.

Целта на оваа активност е подигнување на свеста кај учениците и наставниците како да се заштитат во случаи кога може да има пожар како и запознавањето на училишниот објект, распоредот на училниците во училиштето, степенот на ризикот во случај ако објектот се опожари односно начинот како треба да се евакуира во случај на опасност од пожар.