Почитувани,

Ве известуваме дека постапка за јавна набавка на Град Скопје за избор на 1 (едно) идејно – обликовно и архитектонско – урбанистичко решение на детска едукативна просторна инсталација во зелениот појас на паркот на Општина Чаир и тоа на тема: „Во имагинарниот свет на децата “ и тоа на конкретна локациja во Општина Чаир, поточно на „Игралиштето во Топанско поле“ и тоа помеѓу улиците „Аугуст Цесарец“, „Благоје Паровиќ“, Методија „Митевски“ и граничи со Булеварот „Македонско Косовска Бригада“ заврши.

Затоа Ве известуваме дека од 22.10.2018 година, од кога им е даден налогот за отпочнување со работа на економскиот оператор и согласно договорот, каде што е предвидено, носителот на набавката во рок од 30 дена, сметано од денот на склучување на договорот, 19.10.2018 година треба да ја изработи и да ја намести детската едукативна инсталација со наслов „Приказна за Јованче и Марика, барајќи го патот до домот ја наоѓаат чоколадната куќичка“.

За таа цел, Ве известуваме дека во наредните неколку дена ќе се изведуваат мали градежни активности на наведената локација.

Со почит,

Служба за информирање
Општина Чаир