Почитувани граѓани на Општина Чаир,

Почнувајќи од денес, вашиот глас за пријавување на комуналните проблеми посилно ќе се слуша и побрзо ќе стигне до нас.

Имајќи ја во предвид нашата должност за да бидеме поблиску до вас и поефикасни во ваша служба, одлучивме да ја зајакнеме интеракцијата и преку веб апликацијата https://mk.prijavi.mk/ каде можете да ги поднесете вашите жалби и барања поврзани со уличните дупки, отпадот, уличното осветлување, загадувачите на воздухот и многу други категории. Општината ќе биде потполно на располагање да одговори на вашите барања.

Станете и Вие дел од решавањето на проблемите за подобар живот!