Нашите работни екипи овој викенд поставија нови табли за кошарка на спортското игралиште во населбата Гази Баба.
Ова се дел од активностите што ги преземаме во рамките на акцијата за одржување на спортските терени на територијата на Општина Чаир. А пак, нашата цел е да создадеме модерни услови младите да се занимаваат со спортски активности.
Ни преостанува заедно со вас почитувани граѓани, да ги зачуваме овие спортски игралишта со најголемо внимание, бидејќи кога имаме модерни и стандардизирани места каде што младите можат да спортуваат, имаме и здраво општество.