Одбележување на Меѓународниот Ден на Холокаустот – 27 Јануари

4

Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу денес во присуство на Амбасадорот на Република Израел, Неговата екселенција г-дин Дан Ориан, Амбасадорот на Република Kосово, Неговата екселенција, г-дин Ѓерѓ Дедај, Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза“ – Скопје, Проф.Др Азиз Положани и почитуваниот професор, г-дин Скендер Асани го одбележаа  Меѓународниот Ден на Холокаустот притоа го искаа силно гласот на сочуство спрема семејствата на загинатите во таа голема неправда и да го направиме уште погласен апелот дека тоа што се случи не смее да се заборави и не смее да се дозволи истото да се повтори.

Ние како народ останавме верни на принципот во кој се вели дека “Куќата на албанецот е на Господ и на гостинот“ која и ден денес е дел од нашата традиција, затоа без никакво двоумење нашите куќи ги направивме ваше сигурно засолниште од алчноста на болните души. За нас немаше евреи „странци„ туку само евреи „гости„ на нашиот народ кои требаше да се одбранат дури и по цена на живот.

Преку одржувањето на овие комеморативни настани и во раскажувањата на оние кои го претрпеа ужасот на Холокаустот ќе ги едуцираме новите генерации во духот на заедничкото почитување. Историската меморија за нас е само почеток на нашата одговорност а не нејзин крај. Заедничка мисија ни е да го зачуваме достоинството на секој поединец и силно да се ангажираме против расната и верската дискриминација.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе