Општина Чаир се приклучи кон глобалното хуманитарно движење “Pay It Forward“

163

“Pay It Forward – Продолжи понатаму“, е една од најголемите глобални  хуманитарни акции, која е проширена во 81 земја ширум светот. Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето. Во Македонија, “Pay It Forward“ се спроведува втора година, а е на иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација “Inner Wheel Club Skopje, Europe“. Целта на движењето, чиј почеток датира од 2007 година, е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

Во движењето “Pay It Forward“ ќе се вклучат и сите вработени во Општина Чаир, кои што ќе бидат мотивирани да придонесат за ширење на позитивна енергија и правењето на едно или повеќе добри дела еден на друг.

Движењето “Pay It Forward“ својата завршна активност ќе го одржи во Скопје, во Градскиот парк, кај Школка, во сабота, на 28-ми април, со почеток од 10:30 часот.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе