Општина Чаир во соработка со Институтот за Меѓународни и Политички студии (ИМПС) почнувајќи од утре почнува со реализацијата на традиционалните активности посветени на европската недела “Деновите на Европа“.
Активностите почнуваат од утре во 12:00 часот во салата на Општина Чаир.
Присутни во отворањето на активностите ќе бидат: Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Талат Џафери, Амбасадорот на Република Холандија Уоутер Пломп, и Проф. Др. Илбер Села – Директор на Институтот за Меѓународни и Политички студии.