Отпочна процесот на уредување на нов зелен плоштад во Чаир!

167

На аголот помеѓу ул.Втора Македонска бригада и ул.Кемал Сејфула во Општина Чаир на барање на еко активисти и граѓани, Општина Чаир во соработка со екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје го отпочнаа процесот на уредување на зелен плоштад во близина на Здравствената Амбуланта во Чаир).

Градоначалникот на Општина Чаир заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје г. Ардијан Муча, заменик премиерот на РМ г. Бујар Османи, пратеникот Ејуп Алими, советниците на град Скопје одблиску извршивме надзор над изведувањето на работите.

На површина од 3.865м² ќе се извршуваат активности на реконструкција на јавната површина и хортикултурно уредување на тревникот, како и поставување на систем за полевање на зеленилото со прскалки.

Ова е еден сегмент од планираните заеднички проекти со ЈП „Паркови и зеленило“ за уредување и реконструкција на јавните зелени површини низ општината. Само со заеднички институционален придонес Чаир ќе биде секој ден почист и поубав.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе