Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу со НВО “Нула Отпад” продолжуваат со реализација на големата акција за собирање на отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата и компаниите на територија на општината.

За таа цел денеска пред административната зграда на Општина Чаир е поставен посебен контењер за собирање на електронски отпад.

Исто така ве известуваме дека во рамките на НВО “Нула Отпад” функционира и посебната ЕКО ЛИНИЈА 070-236-000 за подигнување на електронскиот отпад. Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма рециклатор, за понатамошна постапка.