Професорот Лери Хубел одржа обука во Општина Чаир

50

Еден ефективен систем на менаџирање на човечките ресурси е клучот на успехот на општинските администрации за имплементирање на европските принципи на функционирање кои ги наметнува патот кон Европската Унија.

За да научиме повеќе во оваа насока, беше голема чест за нас да го пречекаме во Општина Чаир добро познатиот професор на Универзитетот во Seattle од САД, Проф. Др. Лери Хубел кој одржа специјална обука за раководителите на секторите, советниците на Општина Чаир и администрацијата на основните училишта на територијата на нашата општина.

Со неговото предавање тој до учесниците го пренесе неговото теоретско и практично искуство за ефикасен систем на функционирање на локалната самоуправа фокусирајќи се на менаџирањето на човечките ресурси во Јавниот Сектор.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе