Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска го посети Скопското муфтиство и во оваа прилика се сретна и со муфтијата Ќенан Ефенди Исмаили, кој даде силна гаранција дека без оглед на тоа што имотите му беа вратени на муфтиството преку процесот на денационализација, Театарот за деца ќе продолжи да работи таму каде што е и ќе продолжи да ги извршува сите свои активности без никакви пречки. Муфтијата информираше дека Муфтиството воопшто не предвидело промени во работењето на овој објект.
Ганиу му се заблагодари на скопското муфтиство за помошта што ја дава за продолжување на оваа културна активност.
“Муфтиството не увери дека секогаш ќе помага како што ни помагаше досега, во областа на образованието, спортот, но и во културата. Додека муфтијата ни се заблагодари за посетата што ја направивме, и со ова разјаснивме се во врска со функционирањето на Театарот за деца”, рече Ганиу.