Средба со претставници на Атлетската федерација

49
Со цел промоција на Атлетиката како основен спорт, денеска градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, оствари средба со претставници на „Атлетската федерација“ Александра Војнеска-Зикова, претседателка и Ана Крстевска, член на УО. Ганиу објасни дека со гостите начелно се договориле за изградба на сегмент за скок во далечина во едно од училиштата на Чаир што ќе го зголеми учеството на најмладите во атлетика.
– Од моја страна изразив интерес и начелно се согласивме да се изгради сегмент за скок во далечина во едно од училиштата на општина Чаир, со што ќе се зголеми учеството на најмладите од нашата општина во спортот атлетика. Добив ветување дека Федерацијата во иднина ќе помага во однос на техничката организација на натпреварите, како и со реквизити за атлетика, но и дека ќе ја зајакнеме соработката во однос на обуката на тренерите, рече Ганиу.
Тој додаде дека гостите исто така го информирале оти за Федерацијата ова е почеток на дејствување во насока на изградба на инфраструктурни капацитети за атлетика во повеќе општини на територијата на Град Скопје а и пошироко, додека Чаир е првата општина која одговорила на ваквиот повик за соработка и дека сето тоа е во насока на започнување на проектот Детска атлетика, како посебна лига што ќе се реализира со првиот натпревар во март.
– На средбата, исто така, ги потсетив гостите дека јас како градоначалник континуирано го поддржувам спортот, федерациите и спортистите и дека секоја соработка на овој план е добредојдена, додаде Ганиу.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе