По повод завршување на оваа година, Универзитетот “Мајка Тереза” – Скопје денес организираше свечена церемонија, по што Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза” – Скопје, проф. Д-р Азиз Положани му додели Благодарница на Градоначалникот г.Висар Ганиу за придонесот кој Општина Чаир го дава за образованието на албански јазик во Република Македонија воопшто, а особено за поддршката што Општина Чаир ја даде при процесот на конституирање на оваа високо образовна институција.