Вака не најде утрото на денешниот ден, мобилизирани за почиста животна средина!

Јавно му се заблагодарувам на секој граѓанин кој учествуваше на денешната еколошка акција пред почетокот на новата учебна година, на општинската администрација, на носителите на јавни функции од Чаир и на директорите на ЈП “Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани и ЈП “Паркови и зеленило“ Ардијан Муча за нивниот искрен секојдневен ангажман за нашиот Чаир да биде секој ден почист и позелен.

Чаир не е само на Општината, туку на сите граѓани! Ваквите еколошки акции ми даваат надеж дека има една нова генерација на граѓани која повеќе мисли за природата, мисли за Чаир исто како за неговиот дом!