ПРОМОЦИЈА НА ЧАРШИСКИ ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА ЧАИР

Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот “Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“. Општи цели на под-проектот се развојот на туризмот во Општина Чаир со цел социо-економски развој; зголемена активност на туристички работници во Старата Чаршија како и унапредување на покрајната инфраструктура во Старата Чаршија. Сите активности на под-проектот предвидуваат клучни инвестиции во масовна туристичка дестинација со цел зголемување на привлечноста на Стара Чаршија и нејзино промовирање како главна туристичка дестинација во градот за потребите на туристите.

Проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Бит Пазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автетичниот лик на Стара Чаршија.

Една од главните активности на проектот е и реновирање на 43 дуќани лоцирани во Стара Чаршија. Општина Чаир предложи замена на старите излози со нови излози што би го вратиле автентичниот изглед на чаршијата.  Фактичката состојба не е поволна затоа што фасадата и излозите на голем број дуќани во туристичката дестинација се дотраени или заменети со излози од ПВЦ материјал или алуминиум. Овие користени материјали ја девалвираат вредноста на автетичната структура на Стара Чаршија и ја менуваат планираната содржина и изглед на чаршијата.

Конзервација и санација на калдрма – со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата. Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува реставрација на калдрмата во главната улица (во должина од 200м или вкупно 2240м2).

Општина Чаир предложи замена на старите излози со нови излози што би го вратиле автетичниот изглед на чаршијата.

Конкретни активности во проектот се:

  1. Замена на старите прозори и врати од метални и ПВЦ профили со нови дрвени профили
  2. Поставување натписи на дуќаните
  3. Поставување жардиниеари околу дуќаните и
  4. Поставување дрвени кепенци

За сите дуќани се предвидува санација на излогот со масивно дрво, застаклени со термопан стакло со што значително се подобрува термичката и звучната изолација на објектите и евентуалните оштетување при поставуање на новиот излог да се репарираат и да се донесат во првобитна ситуација.

Дополнително, проектот предвидува и сигнализација туристичката локација која ќе упатува на повеќе јазици до културните и историски споменици во Стара Чаршија.

Следејќи го современиот туристички тренд, проектот предвидува и дигитална промоција на туристичката локација преку воведување на совтверски апликации за дигитални платформи што ќе ги привлече странски и млади туристи кои користат слични алатки и на овој начин Стара Чаршија ќе биде уште поголема туристичка атракција.

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе