13 работни решенија за наставници во училиштата на општина Чаир
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска им ги подели работните решенија на 13 наставници од општинските училишта во Чаир – „Хасан Приштина“, „Лирија“, „Имри Елези“, „Васил Главинов“, „Јашар Беј Шкупи“, „ Исмаил Ќемали“.“, “Конгреси и Манастирит“, „7 Марси“ и „Макаренко“.
Општина Чаир и денеска докажува дека била и ќе биде блиску до потребите на наставниците, родителите и учениците.
Градоначалникот на општината Висар Ганиу во оваа прилика рече дека зајакнувањето на кадровските капацитети е важна мисија и дека несомнено придонесува за непречено одвивање на квалитетен и иновативен образовен процес.