Ганиу го пречека Скопскиот муфтија др. Ќенан еф. Исмаили

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска беше домаќин на муфтијата на Скопското муфтиство, др. Ќенан еф. Исмаили и неговиот соработник Јетмир Јакупи. -Соработката меѓу општина Чаир и Скопското муфтиство беше во фокусот на денешната средба, при што се обврзавме дека ќе имаме уште посилна координација меѓу нашите две институции во спроведувањето на активностите кои би […]

Read more

Чаир со уште еден нов паркинг простор

Денеска ви носиме повторно добри вести од Чаир. Општинските екипи во моментот работат на создавање на нов паркинг простор лоциран на улицата  „Струмичка 12“. Овој простор несомнено ќе го зголеми бројот на паркинг-места во општина Чаир, а со тоа се олеснува и секојдневието на Чаирчани. Продолжуваме со уште поважни активности за нашиот Чаир!

Read more

Ганиу го пречека вршителот на должноста на Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија, г-дин Приндон Садриу

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска го прими на средба вршителот на должноста на Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија, г-дин Приндон Садриу. На оваа средба на која присуствуваше и потпретседателката на Општина Чаир г-ѓа Сермине Пурини и министерот советник и заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на Косово во Северна Македонија, г. Влорат Гаши, […]

Read more

Во Чаир имаме уште еден нов простор за паркирање кој се простира на површина од 200 м2.

Овој простор кој го зголемува бројот на паркинг места во општина Чаир, се наоѓа на улицата  ”28 Ноември” 13 („Вуковарска“ 13) и нашите екипи го уредија по сите стандарди. Новите места за паркирање се барање на жителите од нашите населби, додека само во последните четири години создадовме речиси 2000 нови паркинг места.

Read more

Претседателот на Боречката федерација на Северна Македонија, Дејан Богданов, заедно со потпретседателот на Боречкиот клуб „Лирија“ Ахмед Адеми, Седат Бафтиу, тренер на репрезентацијата на Северна Македонија во борење и Сафет Али, член на Управниот одбор на БФСМ, денеска престојуваа во Општина Чаир, при што ми го честитаа реизборот на чело на ова институција.

За време на нашата пријателска средба, се обврзавме дека ќе ја продолжиме соработката уште посилно, како со Боречката федерација на Северна Македонија, така и со Боречкиот клуб „Лирија“. Им честитав на гостите за успесите што постојано ги постигнуваат во земјата, но и надвор од неа и им ја пренесов пораката дека секогаш сме покрај нив.

Read more

Денеска бев домаќин на Организацискиот совет на фестивалот „Фолк-фест“ на чело со директорот на фестивалот Веби Амза, како и членовите на Организацискиот совет Метуш Аџами, Алена Амза и Блерина Халими.

По тој повод, одлучено е овој фестивал, кој се одржува четврти пат по ред, да се реализира од 23 до 27 јули 2022 година. Беа презентирани и информации за земјите кои се очекува да учествуваат на овој фестивал како Албанија, Косово, Мексико, Украина, Индија, Азербејџан, Полска, Бугарија, Турција, Романија и така натаму. Општина Чаир и […]

Read more

ЗАПОЧНАВМЕ СО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА СЕРАВА

Нашите работни екипи денеска започнаа со асфалтирање на улицата Серава и нејзините кракови. Асфалтирањето на оваа улица доаѓа по целосната модернизација на подземната инфраструктура. Со асфалтирањето на улиците и модернизацијата на подземната инфраструктура ќе продолжиме и во други населби на општина Чаир, бидејќи благосостојбата на граѓаните секогаш ни е приоритет.

Read more

16.483.670 денари се инвестирани за само 3 месеци во повеќе улици од населбата Серава на општина Чаир, за реконструкција на подземната инфраструктура.

Реконструкцијата се одвива во два сегмента – реконструкција на постојната водоводна мрежа и реконструкција на канализација и фекални води. Додека над 1 милион евра е вкупната сума што ќе се инвестира во населбата Серава за реконструкција на подземната инфраструктура и која општина Чаир ја обезбеди од Владата на Северна Македонија преку алокација на средства на […]

Read more

Во текот на денешниот ден реализирав работна средба со заменик – директорот на Управата за јавни приходи, г-дин Абдилселам Селами.

На оваа средба посебен акцент беше ставен на фискалната децентрализација, а изразив и поддршка за проектот на УЈП, мој ДДВ. Ова средба беше и добра можност заеднички со г.Селами да апелираме до граѓаните да бараат фискални сметки, бидејќи на овој начин му помагаат на државниот буџет, но и со скенирање на фискалните сметки можат да […]

Read more

Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ја одржа манифестацијата Топ 100 најуспешни компании за 2021 година во земјава.

И големо задоволство е што меѓу Топ 5 најуспешни компании во Северна Македонија се најде и компанијата од општина Чаир АТС Груп на сопственикот Шефќет Демири, која беше рангирана на прво место по добивка и на второ место како најголема компанија. На АТС Груп и на сите други компании кои се прогласија за најдобри им […]

Read more