Со неговата посета Општина Чаир ја почести Амбасадорот на Република Косово г-дин Ѓерѓ Дедај, кого Градоначалникот Висар Ганиу го пречека денес посакувајќи му успешна работа во неговата мисија за зачувување на духот на добрата институционална соработка на единиците на локалната самоуправа на двете држави.
Остварија една многу пријатна работна средба за наредните чекори на едно функционирање кое го надминува застарениот концепт на граници и кој се стреми кон проширување на хоризонтот на можности за да се биде што е можно поефикасен во служба на граѓаните кои ги претставуваме. Од оваа гледна точка, Ганиу и Дедај ја разгледаа можноста за продлабочување на соработката со општините на Република Косово бидејќи размената на професионални искуства и механизми на функционирање несомнено ќе влијаат за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани.
Амбасадорот Дедај изрази потполна подготвеност лично да биде поврзувачки мост на добрите меѓуопштински односи кои се стремиме да ги изградиме и за тоа Градоначалникот Ганиу искрено му се заблагодари подарувајќи му симболично, плакета на херојот Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, за означување на едно ново пријателство со голема професионална перспектива.