Градоначалникот на Општина Чаир денеска го пречека Амбасадорот на Република Италија г-дин Карло Ромео

64

Европската еуфорија и атмосфера која ја зафати нашата земја по позитивните случувања на централно ниво, рефлектира силно и на локално ниво.

Во динамиката на средбите со амбасадорите на државите од Европската Унија овој период, Градоначалникот на Општина Чаир денес го пречека во Општина Чаир, Амбасадорот на Република Италија г-дин Карло Ромео со кого дискутираа околу актуелната состојба на локалната самоуправа во нашата земја, предизвиците со кои се соочува една општина и посебно за искрената цел на администрацијата на Општина Чаир да биде на што поефикасен начин во служба на сите нејзини граѓани.

Во текот на средбата сериозно се разгледа можноста за соработка на Општина Чаир со локалната самоуправа на Италија за да придобиеме од практиките за успешна реализација на многу проекти во полза на граѓаните и за да бидеме и ние во тек со динамиката на развој на европските општини.

Амбасадорот Ромео изрази благодарност за пријатниот организиран пречек и подготвеност да помогне во создавањето на нови врски со локалната самоуправа на Италија.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе