Денес, градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу реализираше заедничка средба со занаетчиите и сопствениците на дуќаните во Стара Скопска Чаршија

9

Денес, градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу реализираше заедничка средба со занаетчиите и сопствениците на дуќаните во Стара Скопска Чаршија, каде што од поблиску ги запознаеше за главните активности, нивниот тек како и за временските рокови за заокружување на проектот кој има за цел промоција на туризмот во Стара Чаршија.

Главните активности на проектот се конзервација и санација на калдрмата и дуќаните, замена на излозите на дуќаните како и дигитална промоција на културното наследство на Чаршијата.

Проектот е финансиран од ЕУ управуван од Светската Банка, Општина Чаир и Кабинетот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, и исто така се имплементира од Општина Чаир.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе