Нашите општински екипи започнаа со работите за обезбедување дополнителен простор за паркирање на граѓаните од улицата „Парашќеви Ќеријази“ („Архиепископ Доситеј“).
Во рамките на оваа активност, предвидено е да уредуваме и да покриеме со бекатон приближно 1500м2, со што ќе создадеме нов простор за паркирање.
Ова е само еден од проектите што континуирано ги преземаме како општина за модернизација на патната инфраструктура и нема да ги запреме ваквите активности дури и во следниот период.