Започна санацијата на улиците во Општина Чаир

93

Градоначалникот на Општина Чаир и директорот на Јавното Претпријатије “Улици и патишта – Скопје”, г. Сенад Смајловиќ, по денешната работна средба во Општина Чаир и констатирање на актуелната фактичка состојба на улиците во Чаир одлучија санацијата на улиците во нашата Општина да се изврши во две фази.

Првата фаза започна денес и ги опфаќа улиците на населбата Стар Чаир: ул.Павле Илиќ, ул.Добри Даскалов, ул.Емин Дураку, ул.Крсто Асенов, ул.Ресенска, ул.Архиепископ Доситеј, ул.Струмичка, ул.Павле Илиќ, ул.Вуковарска, ул.Дижонска, ул.Луба Стоилковиќ, ул.Браќа Реџепагиќ, ул.Ферид Заири, ул.Методија Митевски, ул.Аугуст Цезарец, ул.Никола Малешевски, ул.Роналд Реган, ул.Благоја Паровиќ, бул.Мак-Кос Бригада, бул.Мак-Кос Бригада ул.3, ул.Лазо Трповски, ул.Ферид Мурати и ул.Џон Кенеди.

Втората фаза ќе ги опфати и сите други улици во територијата на Општина Чаир.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе