Општина Чаир во соработка со ЈОП “Шкупи Вјетер“ започна со отстранување на хаварисаните возила од јавните површини

128

Општина Чаир во соработка со Јавното општинско претпријатие “Шкупи Вјетер“ денеска започна со отстранување на хаварисаните, општетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на територија на Општина Чаир согласно одредбите од усвоениот Правилник за регулирање на ова прашање.

Претходно беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈП “Шкупи Вјетер“ е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици.

А со акцијата која започна денеска, ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила кои ќе им подлежат на понатамошните процедури согласно Правилникот каде како последен чекор по истекот на 30 дена непријавување од страна на сопственикот на возилот е уништувањето на истото на посебна локација.

Им се заблагодаруваме и на граѓаните кои по поставувањето на предупредувањата од наша страна, сами ги отстранија хаварисаните возила.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе