Општина Чаир потпиша Договор за реализација на проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата Скопска Чаршија, во вредност од 11.330.000,00 денари

117

Денес во просториите на Министерството за Економија, Градоначалникот на Општина Чаир, г. Ганиу заедно со Министерот за Економија, г. Крешник Бектеши, потпишаа Договор за реализација на проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата Скопска Чаршија, во вредност од 11.330.000,00 денари.

Предмет на овој Договор е: доделување субвенции за уредување на излозите и рекламите во Старата Скопска Чаршија, согласно Програмата за развој на туризмот за 2018 година, („Сл. весник на РМ“ бр. 170/18), точка 10, односно уредување на излозите и рекламите во Скопската Чаршија, согласно Техничката документација за конзервација, санација и адаптација на излозите и написите на дуќаните во Скопската Чаршија, се со цел ревитализација на истата. Рокот за реализација на проектот е една година.

Овој заеднички проект има за цел зачувување на инфраструктурната автентичност на Старата Скопска Чаршија која секогаш треба да рефлектира културни вредности. Грижата за овој наш културен центар коешто е докажано и во стратегиите на дејствување во претходните години во областа на културата, се јасни докази на разбудената свест за зачувување на елементите на културниот идентитет.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе